СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ неодговорно и конфузно, не се знае кој им е координатор

Од:

Иако ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието имаат деловничка можност да ги соочат своите аргументи со претставници на Владата и да поставуваат прашања за теми коишто се во интерес на граѓаните, половина од пратениците на опозициската партија не се присутни во собраниската сала со што уште еднаш покажуваат колку навистина не им се важни потребите на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Дополнително, како што посочуваат, иако ВМРО-ДПМНЕ јавно соопшти дека координатор на нивната пратеничка група е Драган Данев, на почетокот на седницата пратеникот Илија Димовски инсистираше да зборува во својство на координатор со што повторно се отвора прашањето колку пратенички групи има ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали со поделбите на пратениците во различни пратенички групи ВМРО-ДПМНЕ има за цел повторно да се обидува да го блокира функционирањето на Собранието и да ги кочи реформите?
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорно однесување преку коешто нанесува штета врз интересите на граѓаните, врз демократските процеси и нормалното функционирање на Собранието на Република Македонија“, смета СДСМ.

Велат дека во интерес на граѓаните и на државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже капацитет да ги надмине полиитките на блокади и деструкции и активно да се вклучи во спроведување на реформите коиште со од исклучително значење за Македонија и нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски