СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да успее преку неосновани пријави да го поткопа градењето на едно општество

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот Христијан Мицкоски по секоја цена се обидува да шири поделби и омраза, да го поткопува градењето на едно општество за сите.
Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани кривични пријави да го блокираат напредокот на државата.

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не успееја да ја блокираат интеграцијата во ЕУ и НАТО, а нема ни преку неосновани кривични пријави да успеат да го блокираат градењето на едно општество концепт кој доби огромна поддршка од мнозинството граѓани.

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик е заштитен и обезбеден засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, сега и меѓународно признат и ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО.
Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на Претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нудат само деструкција, поделби, омраза и изолација. Македонија стави крај на нивните црнила и одбра светла иднина во ЕУ и НАТО како држава партнер на демократскиот свет.
Граѓаните нема да дозволат нов Груевски или Иванов кој ќе ги врати назад во темното минато, граѓаните ќе ги поразат деструктивните црни политки на Мицкоски на какво били избори, кога и да се одржат“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“