СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да ги блокира промените за спас на нафтените платформи

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Расте нервозата кај Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи доаѓа време на правда, кога ќе треба да се одговара за направените криминали и злоупотреби.

Блокадата на Собранието е последниот обид за спас на криминалните бизниси на Фамилијата, фирмите кои се блиски до Мијалков и неговите нафтени платформи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема право да ги кочи демократските процеси коишто ги избра огромното мнозинство од 700 илјади граѓани и коишто ќе се случат.

Ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија, согласно Деловникот на Собранието, Уставот и законите на Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски