СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува дебатите и реформите што носат квалитетен живот за сите

Од:

Новата реформска Влада предводена од СДСМ со своето работење покажува како се работи во интерес и служба на граѓаните, наведува СДСМ во реакцијата на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– За само неколку денови од работата на новата реформска Влада, граѓаните веќе ги чувствуваат промените кои носат квалитетен живот за сите. Учениците, наставнците и родителите се ослбодени од стресот што им го предизвикуваше непотребното екстерно тестирање. Заврши времето кога без консултација на граѓаните, на засегнатите страни и широката граѓанска јавност се носеа вакви штетни и неквалитетни проекти, стои во реакцијата.

Спроведувањето на зацртаните реформи, се вели во реакцијата, „ќе се одвива посветено, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните, наместо избрзано, насилно и за криминални интереси, како што 11 години тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“.

– Демократските процеси се движат напред кон враќање на правдата и правната држава, економска стабилност и напредок како и кон отворање на перспективите на земјата во ЕУ и НАТО интеграциите што ќе донесат квалитетен живот за сите граѓани на Р.Македонија. Никој, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува дебатите и реформите што носат квалитетен живот за сите, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?