СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си молчи, огласот за вработување е законски

Од:

Во изминативе години, ВМРО–ДПМНЕ има вработено стотици партиски војници како советници, нивни заменици и слично, кои воопшто не се појавуваат на своите работни места, туку само се на платен список.

Појдувајќи од таа причина, градоначалникот Александар Петрески смета дека не е должен да одговара на ваквите несериозни обвинувања на ВМРО–ДПМНЕ, туку има одговорност да одговори пред јавноста, реагират од СДСМ, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

– За новиот конкурс, сакаме да појасниме дека, тој оглас се однесува на веќе вработени лица, кои неколку години доаѓаат на работа во општина Охрид, но со договор. Процедурата за избор на државни службеници во Агенцијата за администрација е долга, па огласот се распиша дури сега. Во ВМРО – ДПМНЕ треба да знаат дека и во државните институции, и ви општините каде што тие се на власт, секојдневно се објавуваат конкурси за вработување, за кои не признаваат дека се партиски и дека на највисоките раководни функции поставуваат луѓе со несоодветно образование и без потребните квалификации – тврдат од најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД