СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека ги повика роднините на своите функционери да се повлечат

Од:

„Додека ВМРО-ДПМНЕ не преземе чекор, додека не ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и додека не почнат повлекувања, опозициската партија нема ама баш никаков кредибилитет.

Токму ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот во секоја институција, за време на 11 годишното криминално владеење. Злоупотреба на институциите, непотизам и партизација се симбол за белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ.

Пандемијата на непотизам и фамилијарни стебла што ВМРО-ДПМНЕ ги прошири во секоја институција го зафаќа и кабинетот на Иванов.

Иванов, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ја повикаат ќерката на советникчката на Иванов Анастасија Илиеска, да се повлече од работното место во Агенцијата за разузнавање, под дриректна надлежност на Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Милошовски и Стевананџија наместо да молчат и да се кријат во скапоцениот замок, да излезат пред граѓаните и да ги повикаат своите роднини и роднините на функционерите од оваа партија да се повлечат од работните места, платени со пари на граѓаните.

Мицкоски да го повика својот братучед вработен во ЕЛЕМ турс да се повлече.

Милошоски нека ја повика својата снаа вработена во УЈП, вујкото вработен во Катастар, братучедот вработен во Централен регистар, и зетот вработен во МЕПСО, да се повлечат.

Стевананџија нека ја повика својата сопруга вработена во здравство, својата сестра, својата тетка вработена во Основниот суд Прилео, вујкото и братучедите вработени во јавни и државни претпријатија да се повлечат од работните места.

Време е да почнат повлекувањата на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Конечниот збор ќе го има Државната комисија за спречување на корупцијата.

Борба против непотизмот започна и враќање назад нема да има“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра