СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знае да функционира во фер услови, изборниот процес е слободен, демократски и регуларен

Од:

„Наводните изборни нерегуларности коишто секојдневно ги измислува ВМРО-ДПМНЕ постојат единствено во нивната пропаганда и нивните лажни вести. Истовремено, ова е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не знае да функционира во фер и регуларни услови.

Изборниот процес и изборниот ден беа фер, слободни и регуларни, а тоа го потврдија сите надлежни институции. Сите државни институции остануваат посветени на спроведување на фер, демократски и слободни избори и во вториот круг каде што целосно ќе биде испочитувана избирачката волја на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави институциите да ги расчистат евентуалните неправилности и да го признаат поразот на слободните, фер и демократски локални избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените