СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ не направи суштински реформи за намалување на невработеноста

Од:

ВМРО – ДПМНЕ не направи суштински реформи за намалување на невработеноста во Република Македонија.

Нивните политики за справување со невработеноста се само обична шминка. Ниту фингираните бројки од државните институции не може да ја покријат рекордната невработеност.

Само овој месец Македонија беше спомената на телевизијата CNN, за жал, во негативна конотација, како земја со над 30 проценти невработеност, единствена во светот.

Исто така, доколку невработеноста се намалува, власта нека даде одговор зошто младите, како никогаш до сега ја напуштаат Македонија?

СДСМ денеска понуди мерки, чијашто цел е реално справување со невработеноста, преку вистинска стимулација за претприемачите. Мерки што за 4 години, ќе донесат нови 20 илјади работни места, само преку поддршка на претприемништвото.

Социјалдемократскиот сојуз ќе продолжи да презентира мерки и решенија што имаат за цел враќање на Македонија во нормален колосек, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски