СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Владата го унапредува животниот стандард на сите граѓани

Од:

„Не постои поштетно и поголемо задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните, а се со цел да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и неговите соработници.

Не постои порасипнико трошење на парите на граѓаните од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години кога буџетските пари се трошеа на скапи ручеци и вечери, претплатени споменици, врби, палми и панорамски тркала, додека државата тонеше во долгови а околу 180 000 граѓани егзистираа со по 40 денари дневно.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што Владата предводена од СДСМ работи домаќински, одговорно и што за првпат после 2008 година го намали јавниот долг што го оставија Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Очигледен е и стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на локалните избори, кога граѓаните ќе стават крај на коруптивното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни