СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека денес важат еднакви услови за сите

Од:

„Лицемерното ВМРО ДПМНЕ продолжува со своето секојдневно креирање непсотоечки случаи, при тоа, потценувајќи ја меморијата и интелигенцијата на јавноста.

11 години цветаше масовната партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, додека квалитетните кадри заминуваа надвор од државата неможејќи да најдат место во сопоствената држава и во и општествениот систем кој не им нудеше никаква опција и беше граден врз основа на партиски цели и корист.

Мрежите црните тефтери и списоци и масовното вработување партиски членови и приврзаници е симбол на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Денес, владата предводена од СДСМ, преку започнатиот процес на реформи и професионализација на администрацијата, гради институции кои што работат професионално, независно и единствено во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се одвиваат транспарентно, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

На антинародната ВМРО ДПМНЕ не и јасно како може еден општествен систем да функционира транспарентно и со еднакви можности за сите граѓани, и затоа секојдневно шири лажни вести и измислува непостоечки случаи“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата