СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека Арсовска не сработи ништо во првите 82 дена од мандатот

Од:

„Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, ниту едно штуро соопштение од Град Скопје не можат да ја прикријат неспособноста на Данела Арсовска“, реагира СДСМ на изјавата на Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо не го сокрива фактот дека Арсовска не сработи ништо во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Освен мобилни тоалети и нивелирање шахти, се друго што правеше Арсовска беше партизирање на градската администрација, партизирање на јавните установи и претпријатија под надлежност на Град Скопје.

Дури и на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им е јасно дека Арсовска е големо разочарување за скопјани па затоа секојдневно се обидуваат да го оправдаат нејзиното неработење преку конструкции и празни прес-конференции.

По 82 дена, на сите им станува јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник што некогаш Скопје го имал“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби