СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Фронтекс, застана против македонски јазик во ЕУ

Од:

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаа за ратификација на Договорот со Фронтекс и со тоа уште еднаш го покажаа своето вистинско лице. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија која е против ЕУ, против македонскиот јазик“, соопшти СДСМ.

„Откако со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтекс на официјален македонски јазик, пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор.

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.

Ете тоа е односот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кон Собранието ком државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Со таков однос, уште долго ќе останат во опозиција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион