СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да им понуди на вработените во администрацијата само злоупотреби во партиски цели

Од:

ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше притисоци врз вработени во администрацијата, денес институциите работат професионално и ослободени од притисоци. ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на уцени, закани и притисоци нема кредибилитет да зборува за работата јавната администрација, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше институциите и вршеше тортура, притисоци и закани кон вработени во администрацијата.

Последното сведоштво во случајот Титаник во кое се опишани страшни закани и притисоци врз вработени во МВР, јасно покажува каков бил односот на ВМРО-ДПМНЕ кон вработените во државните институции.

Денес ВМРО-ДПМНЕ во опозиција шири лажни вести и лицемерна загриженост за вработените во институциите. Никој освен ВМРО-ДПМНЕ не гледа притисоци, затоа тие и не посотојат.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ денес институциите се професионализирани и работат во служба на граѓаните. Ниту еден вработен во државната администрација не е под притисоци, но и кон ниту еден нема каков било протекционизам, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствено што може ВМРО-ДПМНЕ да им понуди на вработените во администрацијата е злоупотреби во партиски цели, притисоци, закани, ендеци и бркања од работа, што впрочем и го правеше цели 11 години.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ загубија на последните избори и затоа ќе изгубат и на изборите на 12 април. Обнова на криминалниот режим и заканите кон администрацијата нема да има.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра