СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став, немаат план ниту визија

Од:

„Наместо јасен став за референдумот и најважното прашање, јавноста од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ добива само празни фрази, измислици и ширење лажни вести.

Наместо пред граѓаните се изјаснат за иднината, за членството во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став, немаат план ниту визија и се без правец на делување, со што покажуваат несериозност и неодговорност пред граѓаните во историските мигови во кои се наоѓа Македонија.

Дали обезбедувањето на иднината како рамноправен дел од ЕУ и НАТО со загарантиран и заштитен идентитет е она што им пречи на Мицкоски и неговата партија, па затоа упорно одбегнуваат да го кажат ставот за референдумот?

Граѓаните го ценат ваквото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја препознаваат важноста затоа што знаат дека Македонија вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО.

На 30 септември граѓаните масовно, храбро и достоинствено ќе излезат на референдум и ќе гласаат ЗА македонската иднина, ќе гласаат ЗА членство во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

СДСМ: Владата им подготвува историска имама на пензионерите

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата