СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека издејствувале повлекување на Законот за социјална заштита

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ана Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години целосно ги игнорираше потребите на лицата со хендикеп, потребите на ранливите категории граѓани, а преку неодговорните политики свесно го уништувале системот за социјална заштита.

Денес лицемерното ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за системот за социјална заштита и лаже дека издејствувале негово повлекување. Вистината е дека Законот за социјална заштита е повлечен од Министерството за труд и социјална политика поради техничкo усогласување.

Решенијата во Законот ги унапредуваат правата, им го олеснува животот на лицата со попреченост и ранливите категории граѓани и тој е усогласен со нивните потреби.

Во рамки на доработката на текстот прифатени се сите барања кои беа доставени од граѓанските здруженија и лицата со попреченост. Со новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцира независноста на лицата со попреченост, нивното право на одлука и еднаков третман.

Со новиот Закон се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата.

Како подршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.

Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот