СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека 100.000 граѓани останале без работа, Мицкоски останува на погрешната страна

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш се на погрешната страна од историјата. Тие избраа да се однесуваат неодговорно и деструктивно во период кога државата поминува низ критични моменти со здравствената криза.

Во време на пандемија наместо да покажат солидарност и хуманост тие креираат лажни вести со цел успесите на државните институции да го престават како пропаст. Граѓаните одамна ги имаат препознаено лагите и манипулациите на ВМРО ДПМНЕ и затоа Мицкоски, свесен за поразот што го очекува, не сака ниту функционален парламент, ниту избори“, велат од СДСМ.

„Последен од низата докази за нивното деструктивно и неодговорно однесување, е лажната вест од ВМРО-ДПМНЕ дека над 100.000 граѓани останале без работа поради кризата со коронавирусот, иако во реалноста, за целиот овој период, нема повеќе од 7.000 граѓани кои останале без работа и тоа е потврдено и преку официјални податоци.

Граѓаните имаа можност да се уверат како во период на мерки и забрани против корона вирусот, на Мицкоски му беше поважно да тренира во фитнес центри отворени само за него, отколку јавното здравје и животот на граѓаните.

Соочени со своите неуспешни, срамни и непатриотски обиди да направат се државата да не успее, ВМРО ДПМНЕ повторно нема конкретен став во однос на важните прашања.

Одговорност на политичките партии и на институциите е да ги нормализираат општествените процеси и да го вратат мирното секојдневие на граѓаните. Сите, вклучително и ВМРО ДПМНЕ, што се противат на обидите за воспоставување нормален живот, работат против интересите на граѓаните и на државата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар