СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ криминалот да го бара во свои редови

Од:

„Со секоја нова прес конференција ВМРО-ДПМНЕ ја покажува големата нервоза во своите редови“, реагира СДСМ по прес конференцијата на Александар Бичиклиски кој прашување колку пари Бранко Црвенковски зел со шверцот на нафта.

„Дополнета со нивната отуѓеност од народот, ароганцијата и немањето на чувство за вистинските проблеми ги доведува во ситуација да се повикуваат на изјави на луѓе со криминално минато и дебели досиеја.

Едно е јасно, спасот од работното лето на СДСМ, и се помасовна поддршка од граѓаните не може да се бара во прес конференции на кои се сеат лаги и манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ криминалот може да го бара во своите редови затоа што во изминатите шест години токму „фамилијата“ го нарачува, контролира и спроведува.

СДСМ останува посветен на приоритетите, да слушне што е можно повеќе граѓани, изворно да се запознае со нивните проблеми и да ги понуди своите решенија за нив.

А ВМРО-ДПМНЕ може и понатаму, наместо да ги решава проблемите на граѓаните, да се занимава со глупости“, се вели во соопштенито од СДСМ по прес конференцијата на Александар Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО