СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде АД Славија, а сега шири лаги

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ шири невистини. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и раскрчми имотот на АД Славија.

Од 2012 до 2017 година токму ВМРО ДПМНЕ со тајни зделки и зад затворени врати распродала над 70% од имотот на АД Славија, со што уште повеќе ја намалила вредноста на компанијата.

Според проценката направена во 2012 година компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра.

Со тајна продажба, зад затворени врати е оштетена компанијата и државата, бидејќи по неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денеска се сопственост на приватни компании.

Наместо да шири дезинформации ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата