СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја има власта, не треба да прашува на прес конференции

Од:

СДСМ реагираше со соопштение на прес конфренциите на владеачката партија со кои се бара одговори од Бранко Црвенковски за обвинувањата за шверц со нафта.

„ВМРО-ДПМНЕ се погласно и појасно ја покажува нервозата предизвикана од теренските активности на опозицијата.

Веќе 2 месеци се однесуваат како партија во опозиција. Иако ја имаат апсолутната власт во државата, постојано прашуваат, наместо да нудат решенија за огромните проблеми на граѓаните.

Безидејноста оди дотаму што главен стожер на пропагандата на центарот за лаги и манипулации на владејачката партија е изјава на сомнителен лик, кој за лична корист и криминални побуди е подготвен да стори буквално сè.

Наместо да дадат одговор, зошто и кој е одговорен за најголемата лага и манипулација со граѓаните на Богданци и околината, буквално лажејќи ги дека ќе им изградат откупно – дистрибутивен центар за земјоделците, фрлајќи дури и лажен камен темелник, тие се уште продуцираат досадни прес конференции кои никој не ги гледа, ниту слуша.

Како и да е, нашето работно лето продолжува, СДСМ останува посветен на своите приоритети, да се сретне со што е можно повеќе граѓани, да ги слушне нивните проблеми и постојано да нуди решенија“, пишува во соопштението од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски