СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изврши длабока партизација на сите независни институциите

Од:

Премиерот Мицкоски денеска праша по кои одлики неогвата влада Филипче ја дефинирал како авторитарна, па еве да одговориме. За една година на власт, ВМРО-ДПМНЕ изврши длабока партизација на сите независни институциите. Партиски војници се именуваат како директори, советници и управни одбори, претворајќи ги институциите во продолжена рака на партијата, велат од СДСМ.

„Се стави јавното обвинителство и судството под целосна контрола. Во моментов не се води ниеден случај против актуелни функционери, ни за Кочани, ни за сите скандали, како местените тендери во МВР и другите министерства. За судии се бираат сопрузи, баџанаци и братучеди на функционерите од власта.

Мицкоски веќе започнува со закани кон новинарите кога е прашан незгодно прашање. Последниот пример со новинарката на „Ал Џезира“ покажува јасна нетолеранција кон медиумска критика. Дополнитлено, се плаќаат медиуми кои ја пропагираат работата на владата преку компании од Унгарија.

Се етикетира и напаѓа секој кој ќе го дигне гласот против власта, последен пример се синдикатите. Мицкоски се обидува да ги подели, да воспостави свои паралелни организации кои ќе му служат, исто како во времето на Груевски. По доаѓањето на власт, започнаа реваншистички смени во администрацијата и притисоци врз локални власти каде ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство. Се враќаат пракси на институционален прогон, какви што гледавме во времето на Груевски. Луѓе кои со години чесно работеле се деградираат, навредуваат и маргинализираат.

Дебатата и функционалноста на Собранието е укината. Пратениците се претворени во гласачки машини и секој закон се носи по скратена постапка. Не се прифаќа ниеден амандман на опозицијата дури и кога тие амандманни се сосема логични и во интерес на граѓаните. Во само неколку месеци, владата предложи серија закони со директни последици по правниот поредок и финансиската стабилност, без јавна расправа. Автократските влади не бараат одобрување, тие само издаваат наредби.

Без никаква дебата се доенсува одлука за задолжување на државата за седум милијарди евра. Авторитарните лидери како Мицкоски сметаат дека државата е нивна своина па имаат право да задолжуваат три поколенија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните