СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Мицкоски беа казнети од граѓаните и затоа што се опасни за здравјето, кршеа мерки и за време на кампањата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз попладнево испрати на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве ја реакцијата од СДСМ во целост:

„ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Христијан Мицкоски на дело ја покажаа нивната негрижа за здравјето на граѓаните и целосно несериозниот однос кон справувањето со коронавирусот.

Граѓаните тоа го видоа, и затоа ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на изборите што се одржаа минатата недела.

Сите бевме сведоци на нивното неодговорно и опасно однесување во текот на изборната кампања, во која директно ги кршеа Протоколите за заштита на јавното здравје и не ги почитуваа мерките за заштита.

Организираа собири, не држеа дистанца, не носеа заштитни маски и сето тоа под директно покровителство на Мицкоски.

Мицкоски беше главен промотор на непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Наместо да има важна улога во заштитата на јавното здравје, тој одеше по теретани и кафеани кога тоа беше забрането и со тоа испрати јасна порака до граѓаните дека нема потреба да се почитуваат мерките за заштита.

Во ова време кога здравствениот систем успешно се носи со предизвиците што ги наметна здравствената криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени единствено по нивното неодговорно однесување, но и по обидите со лажни вести да предизвикаат паника кај граѓаните.“

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски