СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во време на коронакриза блокираа мерки, а сега најавуваат блокади за еколошки инвестиции

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, кои во сред пандемија со коронавирусот блокираа носење антикризни мерки среде корона, кои блокираа и се уште го блокираат Законот за изградба на нов клинички центар, сега најавуваат блокада на мерки за еколошки инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се најголеми штетници по здравјето на граѓаните“, велат СДСМ.

„Како власт, ВМРО-ДПМНE поттикнуваше загадување на воздухот и животната средина, а сега како опозиција блокира законски решенија со кои ќе се обезбедат повеќе средства за инвестиции во обновливи, еколошки извори на енергија.

Заради таквите нивни погубни политики државата со години беше рекордер во загадување во Европа.

Еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Од една страна, преку нив се поттикнува користењето на поеколошки енергенси во секојдневнието, а од друга страна, на овој начин се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се водат единствено од лични и бизнис интереси, секогаш на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата. Затоа одново ќе бидат поразени на избори“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба