СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го поткопаат заедничкото општество, но нема да успеат

Од:

„Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува да шири поделби, омраза и закани преку кои се обидува да го поткопа живеењето во едно заедничко општество.

Неоснованите и неправни кривични пријави на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да го блокираат напредокот на државата, ниту да го спречат соживотот во нашето општество. Завршено е со политиките на омраза и поделби, граѓаните имаат јасна цел Македонија да се гради како едно општество, како праведна држава која е дел од глобалниот свет.

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на јазиците на заедниците кои се над 20%, а албанскиот јазик во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.

Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни