СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го бранат криминалот на Груевски

Од:

„Најголемото црнило беше 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните безмилосно се трошеа за криминални додека државата и граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

За разлика од таквиот криминален однос, денес економијата е поставена на здрави основи и се движи во нагорна линија.

Растот на платите, растот на БДП од 3 отсто во третиот квартал на 2018 година, намалувањето на невработеноста се последните економски показатели кои ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да понудат ништо, немаат план, немаат идеја и програма што би донеле добро за граѓаните и државата.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски нудат само деструкција, блокади и дејствуваат спротивно на интересите на граѓаните.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираат протести на кои го бранат криминалот и се закануваат кон судии и обвинители.

Граѓаните и државата избраа да одат напред кон полноправно членство во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да останат на браникот на криминалите на Груевски и неговите соработници“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни