СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ, против стратешкиот интерес на замјава

Од:

„Дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е погрешно и спротивно на стратешките интереси на државата и на она што граѓаните пред 31 година го одлучиле со создавањето на своја суверена и независна држава која еден ден ќе стане земја членка и на НАТО и во ЕУ“, соопшти СДСМ.

„Во таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поддршка имаат единствено од проруската партија Левица предводена од Димитар Апасиев. Поднесувањето на неуставна иницијатива за референдум и поддршката на иницијативата на Левица јасно покажува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидуваат да го попрелат патот на државата кон евроинтеграциите.

Тоа нема да им успее, нивните деструкции одново ќе бидат поразени, Државата веќе го почна преговорите со ЕУ, институциите имаат капацитет и подготвеност што побрзо да го завршат процесот на преговори и Северна Македонија да стане земја членка на Унијата веќе во 2030 година.

Колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и Апасиев македонската иднина е обезбедена и таа е европска“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он