СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го руинираше образовниот систем и го окупираше студентското организирање

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто го руинираше образовниот систем, го окупираше студентското организирање и го погази достоинството на професорите и студентите, нема никаков кредибилитет да зборува за образованието.

Фокусот на Владата предводена од СДСМ е развој на научно-истражувачката дејност, а со цел за подобар и покоординиран пристап за развој на науката и високото образование, новиот Закон за високото образование предвидува формирање на Национален совет за високо образование, наука, иновации и технологија.

На ВМРО-ДПМНЕ и на Зекир Рамчиловиќ треба да им биде познато дека институтите се основани со Закон за научно-истражувачка дејност, а согласно новиот закон, научните институти можат да бидат редовни и вонредни членки на факултетите и истите ќе можат да остваруваат докторски студии во соработка со единиците на универзитетот кои се рангирани меѓу првите седум.

Една од целите на овој Закон за високото образование е подигнување на квалитетот на високото образование на сите три циклуси, вклучувајќи ги и докторските студии.

Од тие причини, еден од условите за организирање докторски студии е универзитетот да биде рангиран на првите седум места и научните институти доколку не се членки на универзитетот, ќе можат да вршат докторски студии само во соработка со единица на универзитет, рангирана на првите седум места.

По донесувањето на Законот за високото образование, ќе следуваат и измени на Законот за научно-истражувачка дејност.

Залудни се празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на унапредување на образование во интерес на учениците, професорите, наставниците и студентите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет