СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го повторува истото соопштение од пред десетина дена

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го повторува истото соопштение од пред десетина дена кога кандидатот на Сојузот за иднината за градоначланик на Скопје, Јани Макрадули, исто како и денес беше во посета на Старата Скопска чаршија. И тогаш и сега кажуваат дека Макрадули за прв пат прошетал во чаршијата.

– Истовремено им се обраќаме на ДПМНЕ и ги повикуваме Трајановски и Јанкуловска да одговорат на прашањето дали тие се спремни да понесат одговорност и да поднесат поднесат оставки од своите функции откако ќе ги видат фото материјалите направени вчера во 19 часот и 17мин., пред ресторанот „Амигоси“ на кои јасно се гледа како тие користат и полициска придружба и државни автомобили кои припаѓаат на МВР?

– Впрочем, Макрадули уште синоќа ја повика министерката Јанкуловска да и одговори на јавноста која е намената на белата службена Шкода Октавија која е паркирана пред ресторанот „Амигоси“ во Бутел, ресторан во кој истовремено се наоѓаше градоначалникот Трајановски“, се вели во писмената реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со изјавата на Јани Макрадули.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски