СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведува во опасност здравјето на сите граѓани

Од:

„Од почетокот на коронакризата во земјата, од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики, но сега со одолговлекување на донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа и новите мерки за превенција од понатамошното ширење на коронавирусот, опозицијата го покажа и своето нехумано лице и за дневно-политички поени, на коцка го става здравјето на сите граѓани.

Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога се полнат болниците и расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш одмага, или нема став или е спротивен на интересите на државата и на граѓаните.

Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што во Собранието побараа одлагање на точката за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести за да се вметнат нивни предлози, и наместо тоа на крај да предложат сосема друго, формирање на паралелна специјална комисија за справување со ковид 19 па дури и формираа нивна комисија внатре во партијата“, велат од СДСМ.

„Нивното барање за формирање на специјална Комисија е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, за 24 часа, три пати го смени ставот, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Меѓу деструктивните потези на ВМРО-ДПМНЕ, особено се издвојува тоа што заменичката министерка за финансии во техничката влада не го потпиша заемот од Светска Банка, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, со кој се соочуваме сега.

Со тоа опозицијата практично го запре процесот за спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Прагот на толеранција во однос на политизирањето на процесите за справување со коронавирусот е надминат, не само во рамките на парламентот туку и кај граѓаните.

Да не бараа одлагање веќе ќе беа донесени измените на законот и мерките за заштита од коронавирусот.

СДСМ уште еднаш повикува на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси.

Коронавирусот нема да застане и да чека ВМРО-ДПМНЕ да игра политички игри и да го доведува во опасност јавното здравје, мерките мора да се донесат во најкус можен рок. Се работи за здравјето на сите граѓани!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“