СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува граѓаните по 3 милиони евра секој ден

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нека им објасни на граѓаните зошто ги задолжува секој ден со нови 3 милиони евра кога Ставрески изјави дека со 270 милиони евра од еврообврзницата се обезбедени пари за пензии, сибвенции и социјални трансфери.

Македонија од ниско задолжена земја, со расипничкото владеење на поранешниот премиер Никола Груевски стана високо задолжена земја со историски највисок јавен долг досега од 4 милијарди и 244 милиони евра.

Само во првите три недели од јануари, оваа година Груевски и Ставрески ги задолжија граѓаните за нови 38 милиони евра.

Ако ВМРО-ДПМНЕ вели дека отплаќа кредити земени во времето на СДСМ, зошто тогаш имаме постојано зголемување на јавниот долг?

Груевски и фамилијата потрошија 630 милиони евра, пари на граѓаните, за бронза и споменици а оставија 180.000 граѓани да живеат со по 40 денари на ден.

ВМРО ДПМНЕ, Груевски и Ставрески ја ставија во залог иднината на младите, со намера преку задолжувањата што ги прават да ги спроведуваат своите коруптивно-криминални замисли“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници