СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги помеша години и фактите за корупцијата, па објави информации за 2015 и 2016 година

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Михајло Маневски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со лажните информации што денеска ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш се докажа дека опозициската партија е изгубена во реалноста, а единствената нејзина стратегија е создавање на лажни вести.
ВМРО-ДПМНЕ ги помеша годините и фактите за корупцијата па објави информации за пад на индексот на корупција коишто се однесуваат на 2016 и 2015 година, кога во Македонија владееше корумпираната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Токму владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години претставува симбол за криминал, корупција и погрешни политики на штета на граѓаните.

Во тој период, додека граѓаните осиромашуваа, се случија најголемите корупциски скандали, од познатите провизии за патишта, преку скандалите со местењето тендери па се до плацевите на Водно.
Доказ за степенот на корумпираноста на властите предводени од ВМРО-ДПМНЕ се и бројните судски процеси за кривични дела позврзани со криминал и корупција коишто се водат против поранешни државни функционери од оваа партија.

За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, ги санира штетите од корупцијата, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон каков било тип на корупција и во која секој оној кој ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните