СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фушерајски и половични игралишта пушта во употреба

Од:

„Колку градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ мислат на спортот и граѓаните најдобро покажуваат фотографиите од таканаречената акција за реновирање на спортско игралиште на градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Како што се гледа на фотографиите од реновирањето на игралиштето останаа само неколку квадратни метри офарбани, и тоа оние со кои Стојкоски се сликаше заради евтин ПР.

И по десет денови истото игралиште е оставено недовршено,најверојатно додека не се појави нова тура фотографии од градоначалникот Стојкоски како наводно работи.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработа и расипништво кои единствено знаат парите на граѓаните да ги трошат на партиски вработувања, а еден од нив е и градоначалникот на Бутел кој за партизација на општината ќе потроши околу 200.000 евра народни пари“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?