СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради слабата работа на нивните градоначалници кои се големо разочарување

Од:

„Голема е паниката во ВМРО-ДПМНЕ поради слабата работа на нивните градоначалници, па затоа имаат потреба секојдневно да ја дефокусираат јавноста со барања за предвремени избори“, соопшти СДСМ.

„Јавно во првите два месеци виде дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување, тоа им е јасно и во Белиот дворец, па затоа оваа партија неосновано бара предвремени парламентарни избори.

Со условувања кон помалите партии, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека му се брза на избори затоа што допрва ќе се види неспособноста на нивните градоначалници.

Со предлог законот за укинување на техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ свесно или несвесно призна дека Владата предводена од СДСМ и институциите знаат и можат да организираат фер, слободни и демократски избори без тие да бидат оспорувани од кој било.

Барањето за предвремени избори во време кога се решаваат предвизиците со здравствената, економската и енергетската криза се неодговорен чин од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Граѓаните не сакаат избори, туку конкретни мерки и политики кои нудат излез од кризите и заштита на нивниот животен стандард. Предвремени парламентарни избори нема да има, ќе има работа, реализација на мерки и проекти од Програмата на Владата која има мандат до 2024 година“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар