СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена социјална помош за 300%

Од:

11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно го уништуваше системот за социјална заштита а нивните криминални и расипнички политики придонесоа сиромаштијата енормно да се зголеми, вели СДСМ преку соопштение.
 
„Денес, ВМРО-ДПМНЕ во нивен познат стил повторно повторно ја извртуваат вистината и контруираат лаги. Токму во Извештајот на кој денеска се повикува ВМРО-ДПМНЕ јасно се наведува дека се забележува напредок во социјалната инклузија и заштита, дека сиромаштијата е сѐ уште
сериозен проблем, но се очекува подобрување на состојбата со новиот Закон за социјална заштита кој овозможува гарантиран минимален приход за сите невработени.

Новата социјална реформа целосно го преобразува системот за социјална заштита и отвора можност за трајно извлекување од сиромаштија на околу 30.000 домаќинства.

Заради сиромаштија што зад себе ја остави ВМРО-ДПМНЕ денес, со реформата, социјалната помош се зголемува до 300 отсто.

Со социјалната реформа, за првпат се воведува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток, како и Додаток за образование.

Со мерките под новата социјална реформа наместо досегашниот  опфат од 3.200 деца, сега детскиот  додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136, наместо 3.800 деца како досега.

Ова се само дел од мерките од социјалната реформа која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, поголема вклученост на ранливите категории граѓани со цел трајно извлекување од сиромаштија.

Добро е ВМРО-ДПМНЕ да го прочита најпозитивниот извештај од ЕК за напредокот на реформите и да се честита за успехот на државата.“, е навдено во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија