СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против својата држава, со Мицкоски на чело се радуваат на постапката на Бугарија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш ништо не направи за напредок на евро-атланскиот пат на на државата.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски го прави токму спротивното. Нивните позиции и дејства се спротивни на НАТО, на ЕУ, на интересите на државата и граѓаните“, велат од СДСМ.

„Во 11 годишното криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ свесно ја држеше државата заглавена во изолација, во последните три години како опозиција антиевропското ДПМНЕ прави се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ и тие се единствените кои се радуваат на постапката на Бугарија.

ВМРО ДПМНЕ и губитникот Мицкоски нема да успеат во обидите да внесат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните.

СДСМ се грижи за националните и државни интереси. Продолжуваат реформите, истовремено и борбата и грижата за националните интереси продолжуваат, како и напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година.

Колку и да не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните јасно кажаа дека се за ЕУ и патот на нашата држава е европски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов