СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, намерно лаже за Договорот со Бехтел

Од:

„Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата на коридорите 8 и 10Д, најголемиот проект вреден 1.3 милијарди евра“, велат од СДСМ.

„Од овие средства, над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако во Собранието не биде донесен пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите се целосно неточни.

Како кај секој друг договор каде Инвеститорот и Изведувачот имаат свои права и обврски, Изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски одредби, но сепак во тој случај рокот за изведба би бил подолг.

Лажно е и тврдењето дека со промената на законските решенија се нарушуват работничките права.

Станува збор за предложени измени во Законот за работни односи кои се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес, односно се работи за решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа за останатите прекувремени часови согласно Законот за работни односи.

И она што е најважно, сето тоа ќе се случува единствено со претходна обезбедена писмена согласност од самиот работник.

ВМРО-ДПМНЕ во времето на своето владеење, системски ги кршеше работничките права, а македонските граѓани ги сметаше и ги претставуваше како евтина работна сила.

Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време