СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е хистерична

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е хистерична затоа што резултатите од погрешните политики на Никола Груевски во изминатите 10 години се поразителни:

– 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

– Над 180 илјади граѓани да живеат со по 40 денари на ден.

– Над 10 илјади фирми во земјава се затворени а секоја трета фирма е со блокирана сметка.

– Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

– Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и болести на дишните патишта.

Тоа е резултатот од лошите политики на Никола Груевски коишто на граѓаните им одземаа 10 години живот.

Никола Груевски бадијала ветува виртуелни проекти со коишто сака да ги замачка очите на јавноста кога во 21 век населените места во Македонија се без вода, канализација, амбуланта, пат…

Сите граѓани имаат право на слободен и достоинствен живот. Граѓаните не дозволуваат со нивните животи да си поигрува мала група во врвот на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја узурпираше власта.

Граѓаните знаат. Времето на Никола Груевски помина“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија