СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ два дена ја лаже јавноста со непосточеки случај

Од:

„Два дена безидејното и очајно ВМРО-ДПМНЕ лаже и манипулира со непостоечки случај и истиот постојано го надградува со лажни вести.

Измислениот случај на ВМРО-ДПМНЕ веднаш беше демантиран од АД ЕЛЕМ односно од претпријатието јавно соопштија дека посочената фирма никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола.

Итовремено, според достапните информации коишто се лесно проверливи, јасно е дека компанијата Тотал инжинеринг, неодамна извршила продажба на својата севкупна механизација и ниту пред продажбата, ниту по неа, нe била и не е ангажирана во ниту една постапка во која било државна институција.

Јасно е дека ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто ВМРО-ДПМНЕ два дена ја лаже јавноста.

Во интерес на вистината, како одговорна партија, повторно ги повикуваме сите надлежни институции како и сите граѓански здруженија и организации коишто се бават со антикорупција да покажат заинтересираност за измислениот случај на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа да ја информираат јавноста.

Наместо да ја замајуваат јавноста со непстоечки случаи и измилици, ВМРО-ДПМНЕ треба да се дистанцираат од политиките на Никола Груевски коишто промовираат лаги и манипулација, а нивниот претседател Мицкоски конечно да излезе пред јавноста и да им одговори на граѓаните за договорите од 10.5 милиони евра склучени во непосредна спогодба во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски