А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ дозволи 15.000 деца да бидат невакцинирани

by А1он12/02/2019 - 13:54112
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ за 11 години успеа да направи таков хаос во здравството од кој денеска граѓаните мора да ги трпат последиците. Паралелен увоз на лекови, невакцинација, негрижа за колективниот имунитет и погазување на правата на пациентите се само мал дел од штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

И покрај се, Христијан Мицкоски без трошка срам се обидува да ја злоупотреби смртта на децата во дневнополитички цели, иако неговата партија е директно виновна за 15.000 невакцинирани деца во Македонија.

За разлика од таквиот игнорантски однос кон здравјето на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство остануваат посветени на спроведување на суштински реформи кои ги санираат штетите и го унапредуваат здравствениот систем и грижата за пациентите.

Со рано детектирање и прогласување на епидемија од морбили, Министерството за здравство успеа да спречи катастрофа од огромни размери. Со активна кампања за вакцинација и напорна работа се вакцинираа повеќе од 50% од децата кои не беа вакцинирани заради негрижата на ВМРО-ДПМНЕ, а со строгите контроли и мерки епидемијата на морбили се држи под контрола. Секојдневно здравствените работници се борат со епидемијата, додека Мицкоски, чијашто партија е виновна за состојбите ужива во белата палата.

Мицкоски е недоговорен политичар чија единствена цел е да шири паника и ги плаши граѓаните.

По пустошот на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше на дното на Европа во однос на квалитетот на здравствените услуги. Денес, постојано се инвестира во нова опрема, растат платите на здравствените работници, се унапредува квалитетот на здравствените услуги и правата на пациентите“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен