СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се охрабри и да каже „да“ за македонската иднина

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже ДА, за македонската иднина.

ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш.

Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи иднината туку да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу.

По 25 години стагнирање, Македонија нема повеќе генерации за губење.

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!

ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат