СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се надмине и да го признае изборниот пораз

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно после долг период имаше фер, демократски и слободни избори на кои граѓаните гласаа слободно и без притисоци, што беше потврдено и од извештаите на релевантните институции.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во регуларни услови и продолжува да бара оправдувања за убедливиот пораз. Резултатите јасно покажаа каква е вистинската избирачка волја кога граѓаните гласаат слободно и без притисоци.

Изборниот поткуп, злоупотребата на државните институции и ресурси, заканите и списоците за притисоци на граѓаните беа одлика на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога снемуваше ливчиња, се правеа „бугарски возови“, а граѓаните „за уши еден по еден“ се вадеа да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине и да го признае изборниот пораз“, се вели во реакцијата на прес конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените