СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со обидите да ја влече Македонија назад во изолација

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои одбиваат да го видат напредокот на Македонија и наместо да се приклучат во реформите што ја движат Македонија, тие продолжуваат да работат спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Македонија тргна напред на патот на евроинтеграциите. Тоа е потврдено и со Извештајот на Европската комисија кадешто е констатиран напредокот во сите области и се дава кристално чиста препорака за Македонија. Дополнително, Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со обидите да ја влече Македонија назад во изолација и поделби и да им се извини на граѓаните за пустошот и грабежот што го правеше 11 години. Времето на неуспеси за Македонија заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Македонија тргна напред по вистинскиот пат и враќање назад нема“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски