СДСМ: ВМРO-ДПМНЕ да престане да ја брани аболицијата на Иванов и да штити криминалци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ да престане да брани криминалци. Јавноста знае дека зад срамната аболиција на Ѓорге Иванов стоеа и денеска се уште стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен.

Сите слободоумни граѓани, целата јавност, освен ВМРО-ДПМНЕ се спротивставија на незаконската аболиција на Иванов.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да предлагаат несериозни барања, да го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување поднесено од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да престанат да манипулираат. Нивниот предлог за испитување на имот на функционери е лицемерен и задоцнет. Таква проверка веќе се случува.

Предлогот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ некој кој 11 години бил вмешан во криминал да не одговара, а да биде „казнет“ со тоа што нема да се занимава со политика е срамно и неодговорно.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да престанат да ја бранат незаконската аболиција на Ѓорге Иванов и да дадат поддршка на автентичното толкување.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?