СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност пред граѓаните и активно да се вклучи во реформските процеси

Од:

„Целосно неосновани се тврдењата дека нема услови за демократско функционирање на Собранието.

Со промените по изборот на новата демократска Влада, спроведувањето на реформите и новите политики, започнати се процесите за Собранието да биде вистински храм на демократијата и да работи исклучиво во интерес на сите граѓани.

Во тие демократски процеси, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да даде придонес, а не да ги блокира.

Граѓаните на Република Македонија и целокупната јавност од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат конечно да се ослободи од политиките на поделби, блокади и деструкции и да земе активно учество во спроведувањето на зацртаните реформи.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред интересите на граѓаните и државата и конструктивно да се вклучи во реформските процеси што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, што истовремено е врвен државен и национален интерес.

Новото време на соработка, заедништво, пријателство и напредок ги отвора можностите за развој на Македонија како едно демократско општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви кон правата и кон обврските“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски