СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не не вмешува во нивните внатрепартиски процеси

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го инволвира СДСМ во сопствените внатрепартиски поделби.

Однесувањето на опозициската партија е несериозно и неодговорно.

Нема прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која не се соопштени измислици, лажни обвинувања, конструкции и невистина.

Притоа, самата ВМРО-ДПМНЕ се повикува на „непотврдени“ и неофицијални информации.

Тоа е нечесен пристап и непочитување на граѓаните.

Не е точно она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ. Ниту имало некакви средби како што измислива ВМРО-ДПМНЕ ниту пак СДСМ има било каква поврзаност со случајот.

СДСМ е сериозна и одговорна партија. Го осудуваме нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста.

Очекуваме институциите, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај, по што ќе паднат во вода сите денешни лажни тврдења на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да вмешува други политички субјекти во своите внатрепартиски процеси, треба да ги реши внатрешните проблеми.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговороност кон граѓаните и државата и да се одлучи ЗА македонската иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски