А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже за Орце Камчев и дали сите донации се регистрирани во Финансискиот извештај?

by А1он22/09/2019 - 15:04302
Share0

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја брка мувата од капата со криминалниот тендер на „Диамед“ преку лажни обвиниунвања и извртувања на реалноста, велат од СДСМ, преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Диамед“, стојат токму Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал.

Официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако.

За фирмата „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да конструира лажни случаи во здравството. Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваше за криминал и незаконски постапки, за на крајот да излезе Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и да соопшти дека јавните набавки во здравството се кристално чисти по што се прекинати предистражните постапки.

ВМРО-ДПМНЕ и Микцоски треба да престанат да ја замајуваат јавноста и да одговорат на прашањата што со денови им се поставуваат:

Дали, тајкунот произлезен од режимот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори?

Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?“, прашуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен