СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја отстапи луксузна зграда во центарот на Скопје за студентски дом

Од:

„УМС неуспешно сака да го покрие скандалот со имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вреден 11 милиони евра, што партијата го стекнала најголем дел во 2014 година.

Како ВМРО-ДПМНЕ успеа да се стекне со 63 објекти низ државава, со близу 12 илјади метри квадратни, во вредност од 11 милиони евра?

Како додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава ВМРО-ДПМНЕ се стекнува со имот од 11 милиони евра?

Лажна и лицемерна е наводната грижа на УМС за студентите и младите. Тоа е подмладокот на партијата ВМРО-ДПМНЕ поради којашто од земјава се иселија над 600 илјади граѓани, најголем дел млади.

Поради нивната „грижа“ младите бараат подобра иднина надвор од Македонија.

Додека фунцкионерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат на криминален начин, македонските граѓани се посиромашни а високо образованите млади луѓе ја напуштаат Македонија.

Граѓаните на Македонија знаат колку ги чини оваа расипничка и недомќинска власт којшто потроши 630 милиони евра за споменици а студентите живеат во најмизерни услови.

Десет години ВМРО-ДПМНЕ е на власт а не изгради ниту еден студентски дом во Македонија.

Но, затоа изгради луксузна партиска зграда во центарот на Скопје вредна милиони евра.

Ако навистина сака да покаже грижа за студентите ВМРО-ДПМНЕ уште веднаш нека ја отстапи нивната луксузна зграда во центарот на Скопје за студентски дом.

На ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема да им недостасуваат квадрати со оглед на тоа што имаат 63 објекти низ земјава со близу 12.000 метри квадратни“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната