СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги провери фактите, институциите постапуваат, случајот се расчистува

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ целосно се загуби во своите промашени политики на манипулации и лажни вести, па веќе не знае ниту што зборува, ниту што прави со што уште една докажа дека опозициската партија го има загубено својот политички курс.

Наместо да шират лажни вести и да се обидуваат да профитираат на лични трагедии, ВМРО- ДПМНЕ треба да ги проверат фактите коишто покажуваат дека институциите постапуваат кон целосно расчистување на случајот со малолетната жртва.

Како што целокупната јавност е информирана, надлежните институции ги преземаат сите расположливи мерки за расчистување на овој случај, утврдување на лична и институционална одговорност, како и мерки за идна превенција. Како што информираше Министерството за труд и социјална политика, освен работата на Центарот за социјална работа на Град Скопје, се испитува и работата на Заводот за згрижување на деца со вопитно – социјални проблеми и нарушено поведение, истовремено се подготвуваат кривични и прекршочни пријави против одгвоорните лица, а сите сознанија се доставуваат и до Основното јавно обвинителство.

За жал, овој случај е директна последица од децениското партизирање и уништување на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога државните институции наместо со професионалци беа преплавени со неспособни кадри, партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста