СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

Од:

„Во време на светска економска криза, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што во 11 годишниот режим стана најбогатата во Европа, на грбот на граѓаните, за денес да глуми загриженост за економскиот стандард“, соопшти СДСМ.

„Ако навистина се загрижени за стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нека ги продадат подните плочки од 100.000 евра, а парите нека ги насочат кон граѓаните.

Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.

Освен одбрана на криминал, лажни вести и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо друго да понуди“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ