СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти политиките на поделби и да го прифати концептот на едно општество

Од:

„Фактот што токму ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците е доказ за нивното лицемерие.

Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите а тоа е цивилизациска придобивка.

Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и да ги надмине погубните политики на Никола Груевски коишто промовираат поделби, деструкција и омраза и навистина да го прифати концептот на едно општество за сите.

Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани коишто избраа иднина и силно го поддржуваат концептот едно општество за сите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат