СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше противник на укинувањето на радиодифузната такса, сега дволично копира проекти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ беше противник на укинувањето на радиодифузната такса, сега дволично и безидејно копира проекти.

Лицемерниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен приказ на безидејноста и очајнички обид преку предлагање копирани мерки и проекти да се сокрие криминалот и грабежот на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години, реагира СДСМ.

Партијата наведува дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години својата, како што вели, валкана пропаганда ја наплаќала од џебот на осиромашените граѓани и силно се противела на секој предлог за укинување на радиодифузната такса.

– Денес, дволично и лицемерно, потценувајќи ги граѓаните, предлага мерки кои се дел од Програмата на новата Влада и кои наскоро ќе станат реалност. Ваквата недоследност и погазување на сопствените ставови, само ја докажува несериозноста и неодоговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не ги сфаќа сериозно ВМРО-ДПМНЕ кои до вчера силно ја бранеа радиодифузната такса, а денес се залагаат за нејзино укинување, пишува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците